Вие сте тука: Живеење Патување Култура, фенг шуи и елеганција на брод

Култура, фенг шуи и елеганција на брод

Е-пошта Печати PDF

Crystal Cruises се формирани во 1988 и не се познати само по елегантноста на нивните бродови, туку и по многубројните културни активности кои им се овозможени на патниците.

На нивниот Фестивал на храна и вино (Wine & Food Festival at Sea), уште од 1996 година, гостите имаат можност да се дружат со познати готвачи, како Suzanne Goin, Danny Meyer и Andre Soltner, како и со експерти за вино од целиот свет.

crystal-cruises-crystal_zdr

Откако фестивалот го постигна својот успех, отворени беа специјални ресторани, наречени Vintage rooms, на секој од бродовите на Crystal Cruises, во кои се служат ретки вина и храна. Во 2009 започнаа и со тематски крстосувања, со теми од типот на фотографија, џез, голф и танц.

Кабините на овие бродови, чии сопственик е јапонската компанија Nippon Uesen Kaisha, се дизајнирани според фенг шуи, познатата уметност за внатрешен дизајн од Истокот чија цел е да создава позитивна енергија.

Маршрутата на два од нивните бродови, Crystal Serenity и Crystal Symphony, ги опфаќа пристанишните места Туркс и Кајкос, Антигва, Куракао, Света Луција и Свети Мартин. Патувањата траат од 7-14 дена, а се поаѓа од Мајами, Њујорк или Коста Рика.

Цените за овие патувања се движат од околу 3.000 долари за една недела, но достигнуваат и петцифрени суми за подолги патувања и поголеми соби.



Сподели:

Коментари (1)

RSS линк на коментари
...
7 dena mi se dosta :)
jovana , февруари 09, 2010

Напишете коментар

помали | поголеми

busy

Последни во оваа категорија